Битолчанец возел пијан во спротивна насока низ улиците на Битола
На 05.12.2025 во 22:44 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Л.Ѓ.(47) од Битола, затоа што управувал патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, во спротивна насока.
Потоа било констатирано и дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 0.59 промили алкохол во крвта – информира МВР.















