ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТ-ПРОДАНОСКИ: Нека ни е честит 24 Мај – Ден на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј!


Светите браќа Кирил и Методиј имаат големо, духовно и историско значење за македонскиот народ, и за сите народи кои имаат старословенско потекло. Воедно, нивната мисија за ширење на христијанската мисла и нивните големи-огромни дела, претставуваат една неисцрпна инспирација за целокупниот цивилизациски напредок и човештвото.
По повод денешниот празник-денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј, се огласи и Претседателот на Совет на општина Прилеп-Дејан Проданоски, кој што до нашите граѓани испрати искрена честитка, по повoд денешниот празник:
“Нека ни е честит 24 Мај – Ден на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј!,,… Старче безумни Парестријците или татарите, не “бугарите”, ( текстот е манипулиран) сé човекојадци жив ќе те изедат пред да ги покрстиш. Толку сé диви што живо месо јадат и живо дете од мајка крадат …“-истакна Проданоски


















