Oд четврток па се до недела, љубителите на џез музиката ќе уживаат во најновото издание на „Prilep Jazz Weekend”
Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до
недела 29-31 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во
Прилеп ќе се одржи 13то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.
Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти,
и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите
љубители на добрата музика.
Во своето издание за оваа година е испланирана следната програма:
Фестивалот ќе го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски , а после нив
ќе настапи фракцијата од четворица млади музички аскети COBALT CODE UNIT која
неуморно талка низ обемните широчини на јужно балканските традиции на
импровизирана и ритуална музика контемплирајки ги хоризонтите на современиот
џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на афричките
ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж пресликани преку призмата на
авангардниот израз. , од кои се очекува импровизација на сцената и еден уникатен
проект пред Прилепската публика.
Четврток 29 август 2024 година
- Филип Стевановски КВАРТЕТ
- COBALT CODE UNIT
Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски со промоција на
новиот албум „Deep Blue“, а после нив пред Прилепската публика ќе се претстави
квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев ( Архангел).
Петок 30 август 2024г - Ѓоле Грујовски ТРИО
- Никола Бочваров КВАРТЕТ со специјален гостин Ристо Вртев.
Последниот ден од фестивалот ќе ни се претстават гостите од Србија и
Словенија/Украина.
Предводени и формирани од словенечкиот саксафонист и композитор Јуре Пукл , Jure
Pukl Organic Trio е група од тројца артисти чија музика е оригинална и содржи
елементи на џез, модерна класична музика и мешавина од популарни музички
жанрови. Фестивалот ќе го затворат гостите од Србија, CRNO DETE со еден уникатен
проект со звук кој е комбинација од рок, ноиз,џез, панк и фолк.
Сабота 31 август 2024г
- Jure Pukl ORGANIC Trio
- CRNO DETE
ПС.не пропуштајте
Овие настапувачи се распоредени во 3 фестивалски денови, а во оф програмата
предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, како и во
клубовите Калинка И Таверна во старата прилепска чаршија.
24 август 2024г
Taxi Consilium – концерт во клуб КАЛИНКА
25 август 2024г
Црковен хор Св.Петка – концерт во археолошкиот локалитет Врбјанска Чука
26 август 2024
DJ перформанс на Мишко Сапунџија – клуб ТАВЕРНА
Прилеп џез викенд е веќе десет години домаќин на најдобрите имиња од
македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на
картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и
еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија
на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија
силно влијание врз прилепската публиката.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Прилеп и неколку
општествено одговорни компании на кои од срце им Благодариме.
Влезници за Prilep JAZZ Weekend може да се купат на плоштад во #CityTobacco.
Детални информации за фестивалот можете да видите на нашата веб страна
www.prilepjazz.mk