ПРОДАНОСКИ: Граѓаните ја препознаваат победничката страна предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели го ова:


























Како што објавивме во претходните наши објави, вчера вечерта во Прилеп реки од народ ја пречекаа проф.д-р Гордана Силјановска-Давкова каде имаше огромен број на членови, симпатизери и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои остварија средба со кандидатот за претседател на Република Македонија, проф.д-р Гордана Силјановска-Давкова, пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Покрај Давкова, пред присутните се обрати и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Дејан Проданоски, кој што истакна:

Во позитивна атмосфера во победенички Прилеп, вечерва на средба со прилепчани присуствуваше идната претседателка на Република Македонија, проф.д-р Гордана Силјановска-Давкова. На претстојните избори за првпат Македонија со сигурност ќе добие жена за претседател, затоа што граѓаните ја препознаваат победничката страна предводена од ВМРО-ДПМНЕ” – истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави