МВР пронајде марихуана во возило на 26 годишен прилепчанец
Врз основа на информациите од извадокот на дел од дневните настани за 13.06.2023, информираме дека СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.С.(26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
На 05.08.2022 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед во возилото на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, за која утврдиле дека ја користел со уште едно лице сопатник во возилото.