Пред нас е уште еден сончев викенд! Уживајте во сонцето и убавото есенско време
Денеска времето преку целиот ден ќе биде сончево, со мала локална облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, додека пак максималната ќе достигне до 23 степени. И утре не oчекува исто така топло и пријатно време, со температури до 24 степени.
Искористете го викендот, и уживајте во сонцето и убавото есенско време. Веќе започна викенд, направете вистински план и уживајте во слободното време.
















