ШОКАНТНО: Ова комбе беше пapкирано во Прилеп да го прислушкува Мицкоски – соопшти Ковачки

Сподели го ова:


























Ова на сликата е возилото на оперативците на АНБ во кое има соодветна опрема и е паркирано во близина на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Во која НАТО држава Агенцијата за Национална Безбедност наместо да си ја работи работата што и е пропишана со Закон, се фокусира на следење и документирање на активностите на опозицијата” – изјави пратеникот Драган Ковачки. Имено, Ковачки исто така најави дека премиерот Ковачевски, како и министерот Спасовски, за секое прислушкување следење и тероризирање ќе одговараат.

,,Следите, прислушкувате и сакате да заплашите. Ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине.

Доаѓа време за одговорност. За многу кратко време од сега ќе треба да кажете како и што сте работеле со државните ресурси.

Цел ден оперативците на АНБ (Агенција за Национална Безбедност) Р.Ва., Р.Вр., и Г.К. го поминаа денот во Прилеп.

Ќе се потсетите на ветувањето кога за тоа дојде време”, напиша пратеникот Драган Ковачки, и објави слика од претходно наведеното возило.




Сподели го ова:

Слични објави