Прилепскиот Градоначалник Борче Јовчески со честитка до граѓаните по повод 1-ви Мај Меѓународниот ден на трудот
Мои драги сограѓани дозволете ми да ви го честитам 1-ви Мај Меѓународниот ден на трудот.Посебно ја истакнувам мојата поддршка за остварување на сите законски права кои што им следуваат на сите работници. Без работниците нема економија!Во иднина како Локална самоуправа ќе продолжиме да бидиме промената на подобро која што сите сакаме да ја видиме и заедно да се избориме против лошите политики. Работникот мора да биде достоинствено вреднуван како што доликува.Воедно ги повикувам сите работодавци во општина Прилеп да ги применуваат сите законски регулативи со цел да им ги овозможат потребните услови за работа на работниците. Ви посакувам убави празнични денови со вашите најмили!Нека е честит 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот!