Е, ВАКА СЕ РАБОТИ! Во Прилеп се проодни и исчистени патиштата и коловозите

Сподели го ова:


























Доцна синоќа и рано утрово, службите за зимското одржување одговорни за Општина Прилеп, континуирано се на терен и го чистат снегот на патиштата во прилепскиот регион.

На располагање е целокупната механизација, со цел навремено да бидат расчистени сите патишта и влезови во градот, како и сите наши населени места надвор од градот.

Локалната самоуправа и надлежните служби се грижат за сите жители на општина Прилеп и за безбедно одвивање на сообрајќајот во зимски услови, а воедно упатуваме апел до сите наши сограѓани да бидат внимателни и одговорни во однос на општата безбедност за сите нас – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави