Прилепскиот црковен храм св. Петка во нас.Точила денеска беше преполн со верници

Сподели го ова:
























Денеска, на четвртата недела од Великиот пост (26.03.2023), посветена на св. Јован Лествичник, кога го чествуваме споменот на св. Никифор Цариградски, во храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила, имаше света архиерејска Василиева литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

Црковниот храм св. Петка во населба Точила денеска беше преполн од верници, кои се помолија како за своето здравје, така и за здрвјето на своите најблиски.

Веќе привршува и овој пост, а верниците веќе започнуваат да се подготвуваат за да достојно да ги дочекаат претстојните празници и најторжествениот, Празникот над празниците – Велигден!




Сподели го ова:

Слични објави