“Прилепски Параклис”, со известување до верниците

Сподели го ова:























По повод големиот христијански празник Богојавление, прилепскиот црковен храм св. Кирил и Методиј, објави известување до верниците во кое е објавен и распоредот на богослужби за претстојниот празник. Претходно наведеното известување, Ви го прикажуваме во прилог на оваа објава:

Возљубени во Христа браќа и сестри православни христијани! Ве известуваме дека во храмот СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПАРАКЛИС, во чест и спомен на Христовото крштевање во водите на реката Јордан – БОГОЈАВЛЕНИЕ(ВОДИЦИ) на ден 19 .01.2023 ЧЕТВРТОК, ќе се отслужи СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА СО ПОЧЕТОК ОД 07.00 И ПОТОА ВО ЦРКОВНИОТ ДВОРОТ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ , А ПОТОА ВО БАЗЕН ЌЕ СЕ ПОЛОЖИ СВЕТИОТ КРСТ ВО СЛАВА И ЧЕСТ НА ХРИСТОВОТО БОГОЈАВЛЕНИЕ ВЕ КАНИМЕ СИТЕ ПОТОРЖЕСТВЕНО ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ ОВОЈ РАДОСЕН ДЕН” – се истакнува во известувањето на прилепскиот црковен храм св. Кирил и Методиј.



Сподели го ова:

Слични објави