Земјотресот силно се почувствува и во Прилеп

Сподели го ова:


Вчера во 22 часот и 44 минути, силен земјотрес беше почувствуван во Лерин кој што воздушно е оддалечен од Битола околу 20-тина километри. Земјотресот во Битола беше со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала. Како во Битола, така и во Прилеп потресот траеше релативно долго, па како резултат на тоа прилепчани и битолчани ги напуштија своите домови. Во одреден момент во Битола имаше прекин во телефонските линии. Веднаш после овој земјотрес беа регистрирани уште неколку послаби земјотреси. Освен Битола и Прилеп земјотресот беше почувствуван и во некои други градови во нашата земја.





Сподели го ова:

Слични објави