НАША ПРИЛЕПСКА ГОРДОСТ: Михаела Пурдеска го освои високото второто место од стручното жири на WAF- Светската асоцијација на фестивали
Ученичката Михаела Пурдеска од 5 одделение од ООУ Климент Охридски од Прилеп, на 09.01.2023 година во Македонската опера и балет, учествуваше на WAF- Светска асоцијација на фестивали. Михаела беше претставник од Македонија, а ја изведе Евровизиската композиција ,,Fire”.
Натпреварувачите беа поделени во вкупно 5 категории, а нашата прилепчанка Михаела во силна конкуренција на натреварувачи од над 20 држави во категоријата од 11 до 15 години, го освои високото второто место од стручното жири.
