Од четврток ни претстои вистинска пролет и стабилно, сончево време
Со променливо облачно време, ќе започне следната недела каде во првите три дена од оваа недела ќе имаме нестабилно време (посебно во попладневните часови), при што на повеќе места времето ќе биде проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а максималната температура ќе се движи околу 20-тиот степен.
Веќе од четврток ќе имаме вистинска пролет и континуирано сончево време, кое ќе трае 10-тина дена.