Од денеска, граѓаните повторно горивата ќе ги купуваат по нови цени
Регулаторната комисија за енергетика, вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, и тоа во просек за 0,46% во однос на претходната нејзина одлука која беше донесена на 18.08.2022 година.
Врз основа на тоа, доколку денеска планирате да посетите некоја од бензиските станици, за полнење на резервоарот ќе мора да ги платите следниве ново формирани цени:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 90,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 51,686 (денари/килограм)