Со одлука на Извршниот комитет, прилепчанецот Илија Ристески е новиот потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, прилепчанецот Илија Ристески е новиот потпретседател на УМС.
“Оваа доверба не ја доживувам како лична привилегија, туку како обврска да работам уште повеќе, уште поодговорно и уште попосветено за секој млад човек и за идеалите во кои искрено веруваме! Изразувам особена благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Hristijan Mickoski, за довербата, визијата и непоколебливата поддршка што ја дава на младите како двигател на промените и иднината на Македонија. Искрена благодарност упатувам и до претседателот на УМС, Todor M. Koneski, за укажаната чест и можноста заеднички да ја продолжиме мисијата за силна, обединета и современа младинска организација. Посебна гордост за мене е што доаѓам од Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ О.К. Прилеп –од каде што за прв пат е избран потпретседател на Унијата на млади сили. Ова не е само мое признание. Ова е признание за секој член, активист и поддржувач од Прилеп кој со години вложува труд, енергија и љубов во организацијата. Истовремено, тоа е и уште поголема одговорност да ја оправдам укажаната доверба со работа, резултати и достоинствено претставување на мојот град и нашата организација.
Верувам дека младите не треба да бидат само иднината на Македонија – тие треба да бидат нејзината сила уште денес. Со чесност, посветеност и единство ќе продолжиме да создаваме нови можности, да градиме силна организација и да придонесуваме за уште посилна Македонија.
Благодарам на сите за довербата. Таа за мене е најголемата мотивација да продолжам уште посилно!
Заедно продолжуваме. За младите. За Македонија!” – порача Ристески.


















