Секоја чест! Уште еден медицински подвиг во прилепската болница! Денес успешно беше изведена втора операција на рбет во прилепската болница

Сподели го ова:































Со особено задоволство ја информираме јавноста дека денес, во прилепската болница беше успешно изведена втората сложена хируршка интервенција на рбетниот столб, повторно на лумбалниот сегмент. И оваа интервенција претставува важен чекор во континуитетот на развојот на ортопедско-хируршките услуги во нашиот регион.

Операцијата беше реализирана од Д-р Игор Мерџановски, во координација со колегите од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, тимот од Одделението за ортопедија и трауматологија при болницата во Прилеп, како и анестезиолозите Д-р Маргарита Пирганоска и Д-р Александар Димитровски. Интервенцијата помина успешно, уредно и без компликации.

На пациентот му посакуваме брзо и целосно закрепнување. Со оваа втора успешно изведена операција, уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност кон децентрализација на здравствените услуги и обезбедување квалитетна здравствена грижа поблиску до пациентите – истакнаа од болницата.




Сподели го ова:

Слични објави