Прилепската болница благодарение на менаџерскиот тим на Zepter, го доби најдобриот високотехнолошки прочистувач на воздух на пазарот

Сподели го ова:
















Можно е да е слика од внатре и текст кој вели „Ther Therapy Air szepter“

Прилепската болница благодарение на менаџерскиот тим на Zepter, го доби најдобриот високотехнолошки прочистувач на воздух на пазарот. Оваа информација е објавена на Facebоok страната на прилепската болница, при што истата Ви ја пренесуваме во целост: “По податоци од Светската здравствена организација,четвртина од светската популација вдишува загаден воздух .Дури 4,3 милиони смртни случаи во светот се припишуваат на загаден воздух во затворен простор.Лошиот квалитет на воздух во домот или на работа,не само што допринесува за развој на инфекции и хронични белодробни болести како астма,туку и го зголемува ризикот од карцином на бели дробови,мозочен удар и инфаркт!А тука се и главоболка,затнат нос,мачнина,сува перутава кожа и суви очи. Во одбрана од загадувачи и алергени,а за заштита на здравјето ,подобрување на имунитетот и продуктивноста,денес добивме несекојдневно корисна донација Zepter Therapy Air ion на Zepter ! Therapy Air iOn,софистициран и ултра ефикасен систем за прочистување и јонизација на воздухот кој содржи пет моќни филтри со кои се отстрануваат 99,99 %од честичките од воздухот, вклучително бактериите ,вирусите и токсичните материи. Денес,благодарение на разбирањето и човечноста на менаџерскиот тим на Zepter ,нашата болница го доби најдобриот високотехнолошки прочистувач на воздух на пазарот ! Ви благодариме од срце и Ви посакуваме и понатаму успешна работа!”-е истакнато во објавата на прилепската болница.







Сподели го ова:

Слични објави