“Прилепска Победа” го прегази “Борец” триумфирајќи со 5-0
Денеска се одиграа вкупно шест натпревари од второто коло во Втората македонска фудбалска лига, каде ФК Победа го прегази Борец со 5-0. Натпреварот се одигра денеска (сабота), на градскиот стадион Гоце Делчев во Прилеп.
Утре од 16 часот се ќе се одигра последниот меч од ова коло, а станува збор за дуелот меѓу Башкими и Македонија Ѓорче Петров.