На стариот пат од Прилеп кон Битола, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“ – еве што пронајдоа
СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(21) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 07.02.2025 на стариот пат од Прилеп кон Битола, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“ во кое се превезувале три лица, при што била пронајдена и одземена марихуана која ја набавиле од пријавениот – информира МВР.


















