Во Прилеп доаѓаат Аца Лукас, Пајак, “Hurricane”,Тропико Бенд…
Како што објавивиме претходно, оваа година Пиво Фест 2023 т.е. BEER WEEKEND PRILEP ќе биде од 1 до 3 Септември. Засега, познати се неколку музички имиња од естрадата кои ќе направат вистински спектакл во градот под Марковите Кули. Станува збор за Аца Лукас, Тропико бенд, “Hurricane”, Тијана еМ, Пајак, и кој ли уште не…
Во текот на утрешниот ден организаторите на фестивалот заедно со општина Прилеп ќе одржат прес конференција каде ќе биде соопштена целата програма и сите останати атрактивни содржини, меѓутоа од сето она што го знаеме дека ќе биде најавено, можеме да заклучиме дека станува збор за вистински спектакл во кој ќе уживаат сите граѓани.
“Оние” кои не сакаат да успее фестивалот
од оваа информација – можеби ќе ги фати бес,
меѓутоа ова е одлична вест
дека ни претстои успешен Пиво фест!