Црковните храмови преполни со верници за Тодорова сабота
Денеска во “Стара црква” во Прилеп имаше Света архиерејска литургија за Тодорова Сабота. Тодорова сабота e првата сабота од постот, кога го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон.
На здравје и спасение на верниот народ кој се причести со телото и крвта на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.
За многу години!


















