Прилепчанката Елеонора Костоска Јованоска е избрана за просветен работник на годината во делот на предучилишното воспитание и образование

Сподели го ова:






























Елеонора Костоска Јованоска, вработена во ЈОУДГ Наша Иднина-Прилеп, е избрана за просветен работник на годината во делот на предучилишното воспитание и образование.

Со гордост ја споделувам веста дека токму мојата фела ме избра за Просветен работник на годината во делот на предучилишното воспитание и образование. Ова признание за мене е особено драгоцено, бидејќи доаѓа од професионалната заедница со која ја делам истата мисија – љубов, грижа и посветеност кон најмалите. Горда сум на оваа чест и ја доживувам како силна потврда дека вложувањето во децата, во литературата за нив и во поддршката на колегите, има вистинска вредност. Ова признание е мој нов мотив да продолжам уште поистрајно и со уште поголема посветеност во мојата работа” – истакна Костоска Јованоска.




Сподели го ова:

Слични објави