МАРТ – МЕСЕЦ НА РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО – КОЛОРЕКТАЛЕН КАРЦИНОМ (КРК)
СЗО/Европа им помага на земјите во Европскиот регион на СЗО да развијат национални програми за контрола на ракот. Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) е тело на СЗО, кое е специјализирано во оваа област. Координира и спроведува истражувања за причините и развива научни стратегии за превенција и контрола на болеста.

Ракот предизвикува 20%, од смртните случаи во Европскиот регион. Со повеќе од 3 милиони нови случаи и 1,7 милиони смртни случаи секоја година, ракот е втората причина за смртност и морбидитет во Европа после кардиоваскуларните болести. Ракот во многу случаи може да се избегне, а раното откривање значително ги зголемува шансите за излекување. Познато е дека раното откривање на болеста може да спречи најмалку една третина од сите видови на карциноми. Во овааа група спаѓаат некои од најчестите видови, вклучувајќи карцином на дојка, колоректален и цервикален карцином. Овие видови канцери би можеле да се излечат доколку се откријат во рана фаза.
На глобално ниво, повеќе од 70% од сите смртни случаи од рак се случуваат во земјите со низок и среден приход, кои имаат мали или никакви ресурси за превенција, дијагноза и третман на ракот.