Прилепчани, достојно го одбележаа празникот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј
Денеска, по повод празникот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските и македонските просветители, Здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“ во соработка со Локалната самоуправа на Општина Прилеп и храмот „Св. Кирил и Методиј„ – Прилеп, го организираа завршниот настан од проектот „Денови на Свети Кирил и Методиј“.
Во дворот на храмот „Св. Кирил и Методиј“ – Параклис, денеска после светата литургија со која што чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г-дин Петар, беа презентирани делата изработени од страна на учениците од основните училишта од Прилеп, кои во текот на претходниот и овој месец учествуваа на работилниците кои што беа дел од проектот.
Исто така, беа одржани и предавања за значењето кое Светите браќа го имаат како во Македонија, така и во светот!