ГОЛЕМ ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ ПАНАЃУР: Градски базен “Маркови Кули” од 12-ти до 14-ти април

На 12, 13 и 14-ти април оваа година ќе се одржи традиционалниот предвелигденски панаѓур во Прилеп. Локацијата и местото се стари – Градски базен “Маркови Кули”-Прилеп.
И оваа година панаѓурот ќе понуди различни текстилни производи, дополнителен прибор за домаќинството, алати за автомобили, и што ли уште не, а какви ќе бидат цените и квалитетот на производите, тоа засега останува под “знак прашалник”.