Градоначалникот Јовчески и Заменик Градоначалничката на Прилеп Стерјовска-Локвенец, се дел од делегатите на денешниот 17-ти конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Сподели го ова:


Денеска, се одржува 17-тиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, поточно во салата „Јане Сандански“ каде се поканети вкупно 517 делегати. Во однос на делегатите, делагати има и од нашиот град а тие се: Градоначалникот Борче Јовчески, заменик градоначалничката на Општина Прилеп и претседателката на Унија на жени при ВМРО-ДПМНЕ-ПРИЛЕП-Ирена Стерјовска Локвенец , Претседателот на ОК при ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Дејан Проданоски, поранешниот градоначалник Марјан Ристески, пратениците Петар Ристески и Ане Лашкоска, Анастасија Илиеска, Оливер Деркоски, Робертино Илиоски, Зоран Јанкулоски, Цветанка Јочкоска, Христина Трпческа, Светислав Димоски, Горан Карбески, Влатко Петкоски, Гоце Дулески, Никола Златески, Павлинче Матеска, Стефани Стојаноска, Жанета Видевска и Александар Алексоски. Имено денеска изјава даде и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ-Мицкоски кои за медиумите изјави :

“Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно  е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници.Но, за жал поради политичката некултура којашто владее во Македонија, еве веќе четири години откако СДСМ е власт, се уште за кратко време ќе бидеме во опозиција и затоа инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори затоа што народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а народот гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.Она што е важно и што треба да го кажеме е дека сиромаштијата е се поголема, народот има проблеми со енергетиката, со струјата, економијата, не владее правото, криминалот и корупцијата се сеприсутни, катастрофа е во здравството, во образованието. Буквално на било кој план имаме многу лоша и траорна состојба во нашата Македонија. Внимателно следете го говорот, ќе има многу одговори на потенцијални прашања.Им благодарам на новинарите, снимателите, медиумските работници за овие 4 години успешна соработка. Очекувам и следните 4 години да имаме уште поуспешна соработка.Ако поминавме 4 години за внатрепартиска трансформација и реформи, следат сега реформи и да ја вратиме Македонија онаму каде што и е местото, а тоа е на победничките патеки-изјави Мицкоски”.





Сподели го ова:

Слични објави