Прилепчанецот Гоце Бумбароски на ТВ Алфа отворено зборуваше за актуелните состојби во образованието

Сподели го ова:
























Вчера вечерта на ТВ Алфа, во вечерното шоу на Богдан Илиевски, гостин беше нашиот прилепчанец Гоце Бумбароски кој отворено зборуваше за актуелните состојби во образованието. Во самата емисија, Бумбароски отворено ја анализираше целокупната ситуација во македонското образование, при што голем број на гледачи како од Прилеп – така и од останатите градови од Македонија, со внимание го следеа неговото гостување во ТВ Алфа.

Колку за потсетување, Бумбароски е советник за млади во Општина Прилеп, а воедно е и наставник во ООУ „Кочо Рацин“ -Прилеп. Бумбароски е добро познат по својата креативност во образованиот процес, не само во Прилеп, туку и низ цела наша земја. Имено, Бумбароски кој е м-р по менаџмент во образовниот процес, својата работа како наставник во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп ја извршува паралелно со неговата советничка функција како Советник на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, во однос на креирање на еден повисок степен и квалитет на животот на младите кои живеат во Општина Прилеп.

За Бумбароски, пошироката македонска јавност дозна благодарение на тоа што голем број на медиуми низ годините пишуваа за неговата креативна работа која што самиот тој ја спроведуваше во образовниот процес.




Сподели го ова:

Слични објави