Прилепчанец и ја запалил со бензин амбулантата на сопствената сопруга
Во текот на вчерашниот ден (26.10.2022 година) околу 22 часот во градот под Марковите Кули, полициски службеници од ОВР-Прилеп од слобода го лишиле лицето Д.Ѓ. (47) од Прилеп кој што се сомничи дека ја запалил амбулантата на сопствената сопруга.
Ова лице е под сомнение дека вчера околу 19-50 часот во ординацијата на неговата сопруга предизвикал пожар на ул.Сотир Ѓорѓиоски-Сотка, каде што се наоѓа ординацијата.
Настанот бил резултат на претходно нарушени семејни односи.