|

ВИДЕО: ПРИЛЕПЧАНЧИЊА, ПОБРЗАЈТЕ! ОСТАНАТИ СЕ САМО УШТЕ ДВЕ СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА УЧЕСТВО НА ФЕСТИВАЛОТ

Сподели го ова:





























После спектакуларното фестивалско издание на 07.05.2022 на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кој што четврта година по ред се одржа во Прилеп во НУЦК “Марко Цепенков”, организаторите на фестивалот распишаа нови Аудиции за наредното спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи наредната 2023 година.

Колку за потсетување, прилепската публика и гостите од другите градови, уживаа во најновото фестивалско издание кое за еден ден одржа две фестивалски претстави, а салите беа преполни, бидејќи секој сакаше да го погледне овој најактуелен детски музички фестивал. Како што знаеме сите, овој детски музички фестивал, од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД. Оваа година, публиката имаше можност да слушне 16 ново-компонирани детски хитови, кои освен учесници од Прилеп, песните ги испеаа и учесници од повеќе градови од нашата Македонија.

Заради големиот интерес за учество на наредното јубилејно 5-то фестивалско издание на најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се оджи во месец мај, наредната 2023 година, Веселото Ѕвонче Ве кани доколку имате од 4 до 15 години, преку Вашите родители да се пријавите на телефонскиот број на “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”: 078/66-77-97. Бројот на места како и секоја година е ограничен, па затоа само најбрзите кои што ќе се пријаваат ќе ја имаат среќата да бидат учесници на фестивалот и да испеат новокомпонирана песна на наредното јубилејно фестивалско издание на најактуелен детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. 




Сподели го ова:

Слични објави