Прилеп вечерва ќе навива за Македонија!!
Вечерва со почеток од 18 часот, Македонската ракометна репрезентација во „Таурон арена“ во Краков, ќе ја има последната можност да оствари победа над Аргентина, и со тоа да си обезбеди пласман во втората фаза на Светското ракометно првенство.
Селекторот Кире Лазаров на вчерашната прес – конференција истакна дека со максимална концентрација и фокусираност, репрезентацијата на Аргентина може да биде совладана:
“Дојдовме тука со цел да ја минеме првата фаза и утре е главната битка за нас со Аргентина. Станува збор за екстра квалитетен противник кој и вчера со Норвешка покажа дека игра цврст и добар ракомет. Сметам дека сме тука некаде со квалитетот, доколку сакаме да победиме мора да одиграме максимално во сите шеесет минути” – изјави Лазаров.
Со триумф над Аргентина нашите ракометари ќе го продолжат мундијалскиот настап во новоформираната група со Холандија, Норвешка, Германија, Србија и Катар.