ПРОДАНОСКИ: Пораката од македонскиот народ е испратена. Македонија треба да биде достојно место за живеење за секој еден без разлика на неговата политичка, верска, национална припадност

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски – човекот кој благодарение на својата искреност има голема доверба помеѓу прилепските граѓани, во вчерашното гостување во Радио Пела меѓу другото истакна:
“Пораката од македонскиот народ е испратена. Македонија треба да биде достојно место за живеење за секој еден без разлика на неговата политичка, верска, национална припадност. Секој заслужува мирен и спокоен живот, со финансиска егзистенција, здравствена заштита, квалитетно образование, а тоа ќе го постигнеме благодарение на Платформата 1198, која не е политичка платформа, туку е платформа за развој на Република Македонија” – истакна претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски во неговото гостување во Радио Пела.