Почина Игор Југ, откако осум години ги помина во затвор како осуденик за „27 април“
Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ на 54 годишна возраст. Југ, издржуваше 12 годишна затворска казна, меѓутоа беше на прекин од издржување на казната – заради влошена здравствена состојба.
Југ, 8 години ги помина зад решетки, за настанот кој се случи на „27 април“. Бараше повторување на постапката за „27 април“, и тврдеше дека никој од осудените не е терорист, ниту пак сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.















