Голем театарски спектакл во Прилеп! “Снежана и нејзиниот принц” на 25 септември во НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп
Да, токму така! Крајот на септември во Прилеп ќе се случи голем детски театарски спектакл. Имено, на 25.09.2025 година во НУЦК Марко Цепенков, премиерно во градот под Марковите Кули ќе биде изведена театарската претстава за деца “Снежана и нејзиниот принц”. Претставата ќе биде изведена во живо, пропратена со новокомпинирани детски музички песни, специјално креирани за оваа детска претстава!! Станува збор за претстава, која што по неколку пати ги полни салите низ цела Македонија!!! По барање на прилепската публиката, закажана е оваа атрактивна детска театарска претстава на 25.09.2025 година (ЧЕТВРТОК) во НУЦК “Марко Цепенков”, а временскиот термин за претставата ќе го објавиме дополнително.
После одиграните претстави во повеќето градови во Македонија (и тоа по неколку пати во еден град по барање на публиката), овој пат, честа ја имаат најмладите прилепчанчиња кои на 25.09.2025 година ќе ја проследат претставата за Снежана, принцот и џуџињата, и вистински ќе уживаат во оваа детска театарска претстава.


















