ЖАЛОСНО: Ако има војна, половина од граѓаните не би се бореле за Македонија – покажуваат податоците од истражувањето на „Галуп интернешнл“
Врз основа на истражувањето на „Галуп интернешнл“ денес помалку луѓе во светот се подготвени да се борат за својата земја во споредба со пред една деценија – пренесе Дојче Веле.
Ако има војна во која е вклучена и вашата држава, дали би се бореле за својата земја?
На ова прашање со ДА одговориле 34% од анкетираните во Македонија, „не“ одговориле 51%, а 15% – не знам/не дале одговор. Сето ова покажува дека најмалку половина од граѓаните не би се бореле за Македонија во случај на војна. Жалосно зар не??