Прилеп, гордо и достоинствено го прослави денот на Независноста на Република Македонија!

Сподели го ова:























Со полагање свежо цвеќе на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто и на Могилата на непобедените, Прилеп го одбележа Денот на независноста на Република Македонија, 8ми Септември.

Честитајќи им го на граѓаните најсветлиот датум од современата историја на Македонија 8-ми Септември, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески ја истакна важноста на меѓусебното почитување и заедничкиот пристап за зачувување на интегритетот и независноста на државата создадена пред 32 години како суверена, самостојна, независна и демократска држава:

„Со намера да бидеме свои на своето на 8 септември 1991, одговорно, храбро и решително го остваривме вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија. Празнувајќи денес, исто така оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја, затоа што сите тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава мораме да останиме цврсти на браникот на татковината! Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува! Сега е време сите да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија. Нека ни е вечна Република Македонија и нека ни е честит Денот на Независноста! – рече при оваа прилика, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Покрај делегацијата предводена од градоначалникот на општина Прилеп и претставници на Советот на Општина Прилеп, цвеќе положија и претставници на Сојузот на борци и на политичките партии.



Сподели го ова:

Слични објави