Прилеп го оддбележа 3-ти Декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост!
Прилеп е горд што ги има Дневниот центар за деца со попреченост ,,Ѕуница“ , Дневниот центар за деца со церебрална парализа, Центарот за поддршка при ООУ „Климент Охридски“ и Социјалниот клуб „Порака, кои говорат за нашата грижа како општина и заедница за лицата со попреченост.
“Овој ден нè потсетува на важноста на инклузијата, еднаквоста и почитувањето на различностите, како темели на една хумана и напредна заедница. Дневниот центар „Ѕуница“ е скапоцен дел од нашата заедница – место каде што се препознаваат и почитуваат индивидуалните вредности на секој поединец, а учениците од Центарот за поддршка при ООУ „Климент Охридски“, Дневниот центар за деца со церебрална парализа и членовите на Социјалниот клуб „Порака, Вие сте дел од промената која сакаме да ја имаме во нашата заедница. Вие сте пример за сите нас! Вашиот труд и посветеност се од огромно значење за јакнењето на свеста за важноста на инклузијата во нашата заедница. Вие сите заедно сте доказ дека кога заедницата е сплотена, можеме да направиме светот да биде подобро место за живеење за сите.
Со овие два прекрасни настани заедно сите го одбележавме овој прекрасен ден. Како Општина, секогаш сме стоеле и ќе продолжиме да стоиме зад проектите и активностите кои ја поттикнуваат инклузивноста и создаваат услови за подобар живот за сите граѓани. Со заеднички напори, ќе продолжиме да работиме на креирање на општество кое обезбедува поддршка, можности и достоинство за секого, каде што сите ќе имаат еднакви можности за развој и учество во општествениот живот.
Ќе продолжиме со нашата поддршка за вашата работа и за сите проекти кои ја поттикнуваат инклузијата и ја зајакнуваат сплотеноста на нашата заедница” – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.