Претседателот Пендароски и францускиот амбасадор Бомгартнер, денеска беа во посета на кабинетот на прилепскиот градоначалник Јовчески

Сподели го ова:
















Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е Foto-6-1024x683.jpg

Претседателот Стево Пендароски и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер денеска беа во посета на кабинетот на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Имено, на оваа средба во кабинетот на прилепскиот градоначалник Јовчески, гостите беа пречекани од прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и Ирена Стерјовска која што воедно е и заменик градоначалник на Општина Прилеп. Како што напоменавме во претходните наши објави, денеска Градоначалникот Борче Јовчески, во присуство на Сирил Бомгартнер, амбасадор на Француската Република во Република Македонија и претседателот Стево Пендаровски, беше присутен на конференцијата на тема „Дигитализација“ во организација на француската амбасада и Францускиот институт во Скопје. Конференцијата која се реализира во рамки на активностите поврзани со француското претседателство со Советот на Европската Унија,  беше отворена со поздравното обраќање на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.







Сподели го ова:

Слични објави