Црковниот одбор на црквата во с.Штавица, по повод празникот Мала Богородица Ве кани на божествена литургија
По повод големиот христијански празник Мала Богородица, црковниот одбор на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Штавица, Ве кани на утринската литургија која ќе биде утрото на самиот ден, односно на 21 септември, со почеток од 07-30h.
Колку за потсетување, селото Штавица преку оваа слава, традиционално го одбележува овој голем празник. На самиот празник има и голема прослава во дворот на црквата.

