Преку денот сончево – кон крајот на денот можна е појава на краткотраен пороен дожд и грмежи
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Во Прилеп претпладне сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми. Можни се појави од пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.