ПРЕДВИДЕНИ СЕ И КАЗНИ: Еве колку пари ќе изнесува замената на табличките со ознаката НМК

Сподели го ова:


























Замената на регистарските таблички со ознака МК со новата ознака НМК (NMK), граѓаните треба да ја направат во овластените станици за технички преглед, а сето тоа ќе ги чини од 1400 до 1500 денари. Согласно Законот за возила, доколку возилото е во сообраќај со поинакви регистарски таблици од пропишаните, тогаш предвидена е глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.

“Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1200 до 1300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица” – информираат од МВР.

Сопственикот на возилото треба да приложи:

– сообраќајна дозвола

-регистарски таблици

-важечка лична карта

Имено, ако сопственикот е правно лице тогаш е потребно – приложување на тековна состојба издадена од Централен регистар

Плаќањето се врши на пост терминал или на уплатница пп50.




Сподели го ова:

Слични објави