|

ФОТО: Зошто да плаќа паркинг, кога може во паркот зад уредот во Прилеп

Сподели го ова:


























Како беше онаа старата: “Зошто да плаќам паркинг место, кога можам бесплатно во парк”. Водејќи се од претходно наведеното, прилепски сограѓанин сакајќи да си заштеди цели 30 денари, решил да го крши законот, и да паркира на погрешно место. Меѓутоа, самиот тој паркира на зелена површина, а за тоа казната е многу поголема и изнесува 150 евра.

Врз основа на ова, откако ќе си го препознае своето возило на оваа објава, го замолуваме додека некој не го пријавил за погрешно паркирање, веднаш да си ја тргне колата за да од страна на МВР не биде парично казнет.

А за тоа што ќе заштеди 150 евра, очекуваме до нашиот информативен портал да ни испрати една фамилијарна пица – во знак на благодарност 🙂




Сподели го ова:

Слични објави