17-годишник “се коцкал” вo Прилеп, а потоа оштетил еден од апаратите за игри на среќа
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Д.(48) од Штип и против правно лице со седиште во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,комар“.
Во простории на спортска обложувалница во Прилеп, пријавените овозможиле на 17-годишник да ги користи услугите на обложувалницата, кој подоцна оштетил еден од апаратите за игри на среќа – информира МВР.


















