Прилеп вечен! Во недела, прилепчани ќе одбележат “80 години слободен Прилеп”
Прилеп е Град Херој! Епитет кој гордо го носи веќе 80 години, нераскинливо поврзан со животот на Прилеп, неговото минато, нашата сегашност и иднината на нашите најмили. Заслугата да бидеме Град Херој е на сите кои дале придонес за тоа, особено на паднатите борци, и на 15-те народни херои. Прилепчани отсекогаш го имале своето достоинство, гордоста, но и желбата за слобода, просперитет…

Оваа година на 3-ти Ноември, прилепчани ќе прослават 80 години од ослободувањето на Прилеп. Славиме слобода, славиме правда и демократија. Празнувајќи го овој ден, најмалку што можеме е да им се заблагодариме на нашите херои за прогресот и напредокот во современото живеење. Без нив, ова ќе беше невозможно. И покрај се, сплотено да го градиме и развиваме нашиот град за подобро утре на сите нас! Да собереме сила, да ја искористиме можноста и да создадеме подобра иднина, за поквалитетен живот, на сите!
















