Советот на Општина Прилеп денеска расправаше по 18 точки

Сподели го ова:


























Советниците на денешната 28 седница, донесоа одлука за предлог-измени и дополнувања на Планот на развојни програми на Општина Прилеп за 2023-2025 година, како и одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година.

Советниците на оваа седница одлучија да дадат поддршка на програма за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2023 година и да ја поддржат одлуката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот, по Јавниот Повик бр. 03/2023 согласно Записникот од Комисијата за финансирање и буџет.

Советот на Општина Прилеп го разгледа и усвои кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за првиот квартал од 2023 година. Ја усвоија и Одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на стапката на данок на имот, а стана збор за измена и дополнување на Одлуката за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на Општинската администрација на Општина Прилеп.

Советниците расправаа и за неколку комунални теми: за утврдување на потребата за поставување урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп, за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп и одлука за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележје – спомен плочи поставени на сквер (патека) во чест на славните личности од областа на културата од Прилеп. Воедно, Советот на Општина Прилеп одлучи да ја прифати предлог-одлуката за откажување на корисничкото право на градежно земјиште на две КП: КП 20894 и на КП 12156.

На оваа седница советниците дадоа согласност и на годишните планови за вработување во 2024 на две основни училишта: ООУ “Климент Охридски”-Прилеп и ООУ “Кочо Рацин”-Прилеп и согласност за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги, на директорот на ЈОУДГ, на административни службеници во ЈОУДГ за 2023 и на помошно-технички лица вработени во јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата, за период од 01.01.2023 до 31.12.2023 година.

На Седницата на Советот на Општина Прилеп, присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој одговараше на низа советнички прашања.




Сподели го ова:

Слични објави