ПОТРЕБНИ СЕ СТАТИСТИ ЗА НА ФИЛМ: Аудиции во Прилеп на 09.09.2022
Неповторлива можност да играте во серија во која играат и вашите ТВ идоли!
Во периодот од 10 октомври до 5 ноември во Битола, Ресен и околината ќе се снима ТВ серијал – „Ататурк’ во копродукција со Disney + каналот. За сето ова потребни се поголем број на статисти од сите возрасти. Несекојдневна шанса да „ве има на филм“, да пробате облека што се носела на крајот на 19 век, да ја почувствувате магијата “зад камерите“ и секако да заработите некој денар.
Аудициите ќе се оддржуваат од 10 до 18 часот и тоа:
– на 09.09 во Прилеп во Центарот за култура „Марко Цепенков“
– на 10.09 во Ресен во КУД „Кардеслик“ позади Домот на културата
– на 11.09 во Битола во Центарот за култура
Аудицијата ќе се состои само од фотографирање и не се потребни никакви подготовки.
Гужва и Сектор филм