Повторно незадоволство од актуелната Централна Власт-Независниот синдикат на професионални војници (НСПВМ) најавува дека од недела започнува штрајк пред Владата
НСПВМ-Независниот синдикат на професионални војници соопшти дека од недела ќе го започне нивниот штрајк пред Владата, а основната причина (како што се истакнува од нивна страна) е фактот дека Владата веќе два години за дел од професионалните војници не презела никакви активности во однос на нивно префрлување во друга институција.
“Согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе 2 години од страна на Владата за дел од професионалните војници не се превземени никакви активности за префрлување во друга институција. Затоа НСПВМ превзема активности со своите членови и на ден 22.05.2022 година пред Владата на РСМ ќе постави шатор и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата и таму ќе остане се додека не се исполни нашето барање”-соопштуваат од страна на Независниот синдикат.