ВМРО-ДПМНЕ: Џафери со својот примитивизам и насилие остава трауми врз вработените кои ги малтретира, потребна е казна веднаш

Сподели го ова:
























Џафери со својот примитивизам и насилие остава трауми врз вработените кои ги малтретира, потребна е казна веднаш-истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, целосното нивно соопштение до јавноста, целосно Ви го презентираме во прилог:

“Односот на Талат Џафери со вработените во собранието, со кој тој ги понижува, малтретира и врши мобинг им остава трајни последици врз нивното психичко здравје. Дополнително го руши угледот на собранието како во Македонија, така и надвор.

Целиот примитивизам на Џафери одеше во живо на собранискиот канал. Џафери ги згрози граѓаните.

Примитивизмот и бандитскиот однос на Џафери е пример како не треба да се однесува претседател на собранието, кој е на платен список на буџетот кој го полни народот.

Талат Џафери директно го прекршил Чл.14 од Кодексот за етичко однесување на пратениците.

Мандат за санкционирање на Џафери има Комисијата за деловнички прашања, со која претседава пратеникот Панчо Минов, кој треба во најкус можен рок да ја свика Комисијата и да го казни Џафери.

Санкционирањето на Џафери е само прв чекор. Тој треба сам да биде свесен за одговорноста која ја носи функцијата која ја држи и да си поднесе оставка.

Ковачевски да не молчи уплашен за својата фотелја. Зошто неговото молчење само покажува дека тој стои зад Џафери и неговиот однос”-се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ .




Сподели го ова:

Слични објави