Повик на УНЕСКО за номинација за наградата за образование на девојки и жени за 2022 година

Сподели го ова:
























УНЕСКО ги повикува земјите членки да поднесат свои кандидатури за меѓународната награда за образование на девојки и жени за 2022 година.

Наградата е финансиски поддржана од страна на Народна Република Кина и се доделува секоја година на двајца добитници со парична награда од по 50.000 американски долари.

Повеќе информации за наградата, критериумите за аплицирање, како и за Статутот на наградата можaт да се добијат на линкот: https://en.unesco.org/themes/women-s-and-girls-education/prize.

Имајќи предвид дека апликациите на англиски или француски јазик треба да се поднесат надоцна до 20.05.2022 година преку онлајн платформата на УНЕСКО од страна на Националната комисија за УНЕСКО, евентуалните кандидатури од нашата држава, заедно со потребната документација треба да се достават во електронска форма на следните адреси: tkraljevska@kultura.gov.mk и ljupco.smilev@kultura.gov.mk најдоцна до 29 април 2022 година.




Сподели го ова:

Слични објави