ВМРО-ДПМНЕ: Еве какви катастрофални последици предизвика лошата економска политика на власта

Сподели го ова:


СДСМ може уште 100 пати да зборува за сет економски мерки, но народот гледа дека ефектот од таквите мерки е катастрофален-се истакнува од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, денешното нивно соопштение Ви го прикажуваме во прилог:

“Македонија ја заврши 2021 година со убедливо најмал раст на БДП во споредба со земјите од регионот. Македонија има раст од само 4% на БДП, а Косово во 2021 има раст на БДП од 10,53%, Албанија има раст 8,54%, а Србија има раст од 7,40%. За разлика од земјите во регионот само Македонија уште не го надополнила падот на економијата од 2020-та година

Во исто време Македонија е на дното по привлекување на странски директни инвестиции  (СДИ) во 2021 година.  Албанија има 364 евра по жител СДИ, Србија има 560 евра по жител СДИ, Косово има 396 евра по жител СДИ, а Македонија ја заврши годината само со 251 евро по жител СДИ.

Индексот на бројот на работници во индустријата се намалува и тоа почнувајќи од 2019-та година кога е намален за 1,6%, па во 2020 година кога е намален за уште 4,6%, па во 2021 година кога е намален за нови 2,4%, се до почетокот на 2022 година кога е намален дополнително за 2,4%.

Во 2021 година во Македонија има 7.000 компании кои ставиле клуч на врата, што значи дека во просек по 19 фирми дневно биле затворани минатата година.

Дури 35% од населението е во ризик од сиромаштија, а платите и пензиите ја губат трката со инфлацијата која достигна 7% од почетокот на годината. За само година и пол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%.

2021-ва ја завршивме со долг од 61% од БДП што значи дека долгот надмина 7 милијарди евра и се најавува дека уште ќе расте.

Ова се само дел од катастрофалните последици од лошите економски политики на власта”-се истакнува од страна на ВМРО-ДПМНЕ.



Сподели го ова:

Слични објави